0 коментари 2 мин. читање 26 мај, 2017

Нова победа на AlphaGo над најдобриот светски играч

Вештачката интелигенција AlphaGo по вторпат го победи најдобриот светски Го играч, Ки Џие. Со ова новата верзија на AlphaGo е сè уште без пораз.

Она што ја одбележи втората партија се првите 50 потези на г. Џие кој започна со совршена партија. По првите 100 потези партијата беше најблиска одиграна против AlphaGo, вели Демис Хасабис од DeepMind. За жал ниту најдобрата партија досега не му помогна на 19 годишниот Џие да ја совлада вештачката интелигенција.

За сите кои не ја разбираат возбудата околу AlphaGo, можеби најдобар показател е дека до пред неколку години компјутер кој би мoжел да ги победи луѓето се предвидуваше за 20 години. Причината за сложеноста е бројот на комбинации кои се преобемни дури и за најсовремените компјутери. AlphaGo не само што успева да победи туку тоа го прави постојано и троши помеѓу половина и третина од времето на противникот. За важноста на оваа вест, говореше и Игор Трајковски, основачот на Time.mk, во специјалниот серијал IT.mk/2017.

Го е една однајпопуларните игри во Кина и национална игра, но овојпат граѓаните на Кина не можеа да ги следат натпреварите во живо. Стравот од пораз на миленикот на публиката, доведе до забрана за пренос. Не само што нема видео преност, туку забранети се и аудио и текстуални преноси во живо, јави Guardian.

Натпреварите се дел од Future of Go самитот. Сепак поради можностите на машините, натпреварите еден на еден се извесни. Ревијалните натпревари во двојки составени од AlphaGo и еден натпреварувач и повеќе натпреварувачи против AlphaGo треба да бидат поинтересни.

 

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top