Нова генерација ARM процесори ќе го намалат јазот помеѓу таблет компјутерите и конзолите

ARM ја најави новата серија графички процесори наречена Mali-T600. Новата Т600 архитектура ќе овозможи графичкиот процесор да биде 50 проценти побрз од досегашните, вели компанијата. Oва подобрување на перформансите треба да го намали јазот помеѓу паметните телефони, таблет компјутерите и конзолите, кој е последица на подобрите графички процесори кој ги имаат PlayStation, Xbox и Nintendo.

Првите два процесори од оваа серија ќе бидат 4 јадрениот Mali-T624 и 8 јадрениот Mali-T628 кој ќе се користат во телефоните и паметните телевизори, а серијата Т678 пред се е наменета за таблет компјутерите.

Покрај новата архитектура, новите процесори ќе имплементираат и нов кодек за компресирање на графичките податоци наречен Adaptive Scalable Texture. Ова ќе возможи стандардизација на компресијата на текстурите што ќе им ја олесни работата на девелоперите, но и ќе ги намали пресметките кои ги прават процесорите, а се извршуваат при работа на апликациите. Помалку пресметки би требало да значат и подолго траење на батериите на уредите.

„Корисниците очекуваат поквалитетни видео услуги од нивните „паметни“ телефони, таблети и „паметни“ телевизори.“, вели британската ARM.

За идните планови на компанијата објаснува дека ќе продложат да се фокусираат на оптимизација и интеграција на CPU и GPU со цел за најдобар можен квалитет и што е можно подолго траење на батеријата.

Според ARM уреди кои ќе ги имплементираат T600 процесорите ќе се појават од септември 2013.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments