Посетите и разговорите со педагози и психијатар кога тоа е потребно се важен дел од здравјето на луѓето. За жал ова не е пракса во Македонија и најчесто луѓето не се консултираат и не ги посетуваат овие специјалисти дури и кога ова им е потребно.
За да го надмине овој јаз Разговор.мк додаде нова функционалност која ќе овозможи полесен и анонимен прв чекор за разговор со психолог. Наместо вообичаената начин на работа функционалноста овозможува корисниците полесно да дојдат до помошта која им е потребна.
Корисникот најпрво треба да одговори на три прашања:
- Кој е предизвикот со кој се соочувате?
- Од кога се појави предизвикот и/или симптомите?
- Што би сакале да добиете од советувањето со психолог?
И потоа да селектира две области кои го зафаќаат проблемот. Прашањата се препраќаат до психолози кои се експерти во овие области. Корисникот може да добие кратки бесплатни одговори од 5 различни психолози и да ги види сите различни перспективи на проблемот. Ако е потребно психологот може да понуди и бесплатна консултативна сесија.
За психолозите ова ќе овозможи да се специјализираат во потесни проблеми со кои сакаат да работат и да се фокусираат на нив.
„Нашата мисија е да им овозможиме на луѓето да живеат среќни и исполнети животи. Ова е мал чекор во тој правец и се надеваме дека оваа функционалност ќе го има влијанието кое го посакуваме“, велат од Разговор.мк.
Разговор.мк е македонски стартап основан од Георги Михаилов кој на своите корисници им помага да го негуваат своето ментално здравје преку брз, едноставен и анонимен пристап до психолози и советувачи. Пристапот до психолозите е онлајн, а Разговор.мк соработува со триесетина психолози експерти во различни области. Апликацијата е достапна на Android и iOS оперативните системи.