Станови во луксузна зграда во Дубаи ќе се продаваат за биткоин

Британската милионерка Мишел Моне, позната како „Bra Baroness“, ќе се обиде да ги продаде становите во луксузната зграда во Дубаи во bitcoin.

Г-ѓа. Моне богатството го заработи со дизајнирање на долна облека. Пред неколку години го напушти овој бизнис и веќе има свое место во Куќата на лордовите, пишува Venturebeat.

Г-ѓа Моне започнува бизнис со својот партнер Даглас Бароумен. Заедно ќе изградат ексклузивна станбена зграда во Дубаи. Зградата има 40 спрата, а становите ќе се продаваат и за bitcoin. Зградата ќе биде завршена во 2019 година, а останува да видиме каков ќе биде интересот.

„Мишел Моне верува дека градбата во Дубаи нуди одлична можност за купување на станови не само со сите валути, туку за прв пат и со крипто валута“, вели портпаролот на г-ѓа Моне.

Сепак, останатите претставници на Куќата на лордовите не се воодушевени од оваа идеја. Тие се заканија дека ако со нешто им го наруши угледот, ќе биде исклучена, јави Daily Record.

Ова не е прв пат да се продаваат недвижности за крипто валута. Пред неколку години Канаѓанецот Тејлор Мур се обиде да ја продаде својата куќа за bitcoin. Сепак, во 2013 година цената на крипто валутата беше 65 долари. Денес цената на 1 bitcoin е околу 4.200 долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments