Нова алатка на Народна банка овозможува едноставно споредување на банкарските кредити и депозити

во ИТ.МК

Народна банка на Република Северна Македонија издаде нова алатка која на корисниците ќе им овозможи на корисниците едноставно и лесно споредување на банкарските кредити и депозити.

Платформата е резултат на заложбите на Народната банка за поголема транспарентност во финансискиот сектор. Податоците се ажурираат директно од банките, кои се одговорни за нивната точност.

„Апликацијата овозможува брз и прегледен увид во каматните стапки и другите важни услови под кои се нудат кредитите и депозитите, со цел граѓаните да можат да донесат финансиска одлука заснована на информации и според нивните лични потреби и можности.

Преку едноставна алатка, корисниците можат да избираат вид на кредит или депозит, да ги споредуваат каматните стапки и надоместоците, да применуваат филтри според типот на производот, износот, рокот, каматните стапки, како и да добијат основни, но релевантни информации за секој финансиски производ на едно место.

Со воведувањето на оваа веб-апликација, Народната банка обезбедува нов, модерен и практичен начин за споредување на понудите на финансиските институции, со што директно придонесува кон зголемување на транспарентноста, јакнење на финансиската писменост и финансиската информираност.“, пишува Народната банка во своето соопштение.

Идејата е платформата да овозможи едноставен начин за корисниците да направат споредба за за услугите на банките и штедилниците. Со помош на алатката тие ќе може да се информираат и да споредат каматни стапки и другите услови под кои се нудат кредитите и депозитите во различни банки или штедилници. Ова ќе овозможи поголема транспарентност и споредба за клиентите да најдат која понуда е најдобра за нив. Со ова ќе се зголеми финансиската едукација, а подобрата информираност ќе значи и подобар пристап до финансии.

Во пребарувањето може да се користат различни филтри, кои овозможуваат филтрирање по: типот на кредит или депозит; износот и рокот за отплата/штедење, и за каматните стапки и придружните трошоци.

Проектот е реализиран со поддршка на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ ДФ) и Европската Унија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments