Порталот iFixit има карактеристичен начин на претставување на уредите кој ни овозможува да ѕирнеме во нивната внатрешност. Овој пат жртва на нивните алатки е поголемата верзија на iPhone 7. Новиот iPhone 7 Plus доаѓа со рeчиси идентичен дизајн како и претходната генерација, но сепак има подобрувањa.
Најголемите промени покрај новите A10 Fusion и M10 процесори се изостанувањето на приклучокот за слушалки и новиот 3д-сензор за притисок. На местото на 3,5 mm пин сега има додаток за барометарот кој овозможува поточни мерeња со висиномерот. Голем дел од просторот сега отпаѓа на „Taptic Engine“-елементот кој овозможува симулирање на мехaничко копче. Новитет во телефонот е промената на производителот на модемите, сега во дел од телефоните доаѓаат од Intel. Apple успеа и малку да го зголеми капацитетот на батеријата; сега е 2900 mAh.
Телефонот има и релативно висока оценка за сервисирање, 7/10. До батеријата се стигнува едноставно, а со „solid state“-копчето е отстранет дефект кој беше чест во минатото. Сепак воодотпорноста на телефонот прави отворањето на телефонот да биде посложено, а не помага тоа што првиот елемент кој се вади е дисплејот.






