Apple потврди дека ќе работи со кинеските партнери и производители за да ги подобри условите за работа и сместување на работниците кои, според извештајот на China Labor Watch, спијат на под, се бањаат со кофи и се сместени по 12 луѓе во една спална.
Во извештајот на организацијата за човекови права, направен со тајни инспектори вметнати во фабриките на производителот Pegatron, се опишани лошите услови за работење и живеење, како и строгите правила по фабриките кои забрануваат тетоважи, исфарбана коса, ниски и стари луѓе, и одредени етнички групи. Pegatron вработува околу 70.000 луѓе кои произведуваат и склопуваат делови за сите мобилни уреди на Apple, вклучувајќи го и идниот поевтин iPhone.
Извештајот открива куп нерегуларности како тоа дека работниците се регрутирани од агенции кои нелегално им наплаќаат за да ги вработат; работниците работат за по 1,5 долари по час, вкупно работат 66 часа неделно, и често една смена е 11 часа долга; прекувременото работење не се наплаќа; некои работници мора да склопат по 600 iPad-и во една смена, а голем дел од нив не се истренирани да знаат за опасните хемикалии кои ги користат. China Labor Watch вели дека овие работни услови се нелегални според кинеските закони.
Надвор од фабриките, работниците, кои доаѓаат од поодалечните краеви за да заработат пари што ги праќаат назад на семејството, мора да живеат во соби по домовите кои се во ужасна состојба, да спијат по 12 луѓе во една соба и да користат по пет тушеви наменети за стотици вработени. Бањите се во ужасна состојба без никаква хигиена.
[youtube]K0CYLxxovhQ[/youtube]