Додека дел од поголемите и популарните сервиси, како што се Vine, Flipboard и др. најавуваат свои апликации и поддршка за Windows Phone 8 паметните телефони, Instagram ги цензурира истите. Во моментот не постои официјална Instagram апликација за Windows Phone, ниту пак е најавена, но затоа постојат неколку клиенти кои досега добро си ја вршеа работата.
Дека Instagram ги бриши фотографиите прикачени од Windows Phone, откри Даниел Гери, автор на Instance апликацијата која претставува Instagram клиент за Windows Phone. Според неговиот твит, фотографиите што ги прикачувал за брзо време биле бришени од сервисот. Во понатамошната дискусија и испитување да не е проблемот во самата апликација, излезе дека проблемот сепак не е во апликацијата.
Evidently Instagram has little spies that watch every @WindowsPhone user and deletes their images after uploading. #onlythingicanthinkof
— Daniel Gary (@danielgary) July 30, 2013
Како еден од Windows Phone 8 корисниците и корисник на Instance, на мојот личен профил недостасуваат речиси половина од фотографиите, односно тие се поставени приватни и можам само јас да ги видам како сопственик на истите. За споредба, во продолжение е фотографија од мојот профил кога сум најавен и како изгледа јавно. Исто така, до фотографиите не може да се пристапи и преку линк.


Коментари
7 коментари
Коментарите се затворени.