Со оглед на тоа дека Google недоволно го контролира прикачувањето на апликации на Android маркетот, и тоа што самиот систем е со отворен код, често може да наидеме на некоја малициозна апликација која може и тоа како да наштети на нашиот паметен телефон. Можеби многумина ќе кажат, „мех… што ќе ми е анти-вирусен софтвер на мобилниот“, но кога ќе размислите подобро и ќе видите какви сè информации чувате на него, можеби и не е така лоша идејата.
360 Mobile Security е бесплатна апликација која се состои од неколку алатки со цел да го заштити вашиот паметен телефон од секакви натрапници. Апликацијата, покрај својата задача да го штити вашиот телефон од вируси и крадење на личните податоци, нуди и можност за чистење на системот. 360 Mobile Security не се разликува многу од стандардните анти-вирусни програми за десктоп, па така нуди брзо и целосно скенирање на вашиот систем. Секако, првата опција е побрза, но е ефикасна и ја испитува ранливоста на апликациите кои ги имате инсталирано. Откако ќе заврши скенирањето, имате можност да ги погледнете и решите проблемите кои се пронајдени, а исто така, достапни се и информации за тоа како може да ви наштети на системот.
Доколку ја извлечете апликацијата на екранот, ќе ви се појават неколку кругчиња преку кои можете да видите колку е искористеноста на вашиот телефон и уште колку меморија имате. Ако ја повлечете иконката во големиот круг, ќе ви се појави дополнителен прозорец преку кој можете да го вклучите/исклучите споделувањето на податоци, Wi-Fi, Bluetooth, GPS, и слично.
360 Mobile Security можете да ја преземете од Google Play, а достапна е и за iOS.

Користам AVG али ќе го пробам и ова малку и дизајнот ме освои :D