Европскиот Парламент предлага нов закон кој ќе ги синхронизира казните за сајбер-криминал ширум Европа на две до пет години затвор. Овој предлог ги таргетира сите хакери кои извршиле криминално дело или дистрибуираат и креираат софтвер и алатки за хакирање. Предлог-законот го вклучува и лажирање на IP адреси за извршување на напад, што ќе се казнува со три години затвор заради нанесување штета на друг. Најголемата казна од пет години затвор ќе биде за сите тие кои се инволвирани во напади во големи размери со ботнети или напади кои ќе предизвикаат голема штета на компанијата или државата.
Законот ќе ги опфати и компаниите кои ќе имаат директен бенефит од некое пробивање, како на пример што се случи во Британија со скандалот со News of the World и хакирањето на телефоните на познати личности.
„Се справуваме со сериозни криминални напади, некои кои се извршени од криминални организации. Финансиската штета нанесена на компниите, приватните корисници и јавноста е неколку милијарди евра секоја година.“, вели евро-парламентарката Моника Хохмаер.
Овој нацрт-закон е дел од eвропската Регулатива за заштита на податоците која ги синхронизира сите вакви закони во 27-те земји-членки. Една регулатива за сите земји ќе значи помала фрагментација и побрзо справување со легалните спорови за крадење на информациите, справување на сајбер криминал, но и вршење притисок врз големи ИТ компании (читај Google, Facebook) да им обезбедат целосна безбедност на личните информации и да им дозволат на европејците да „бидат заборавени“ т.е. да си ги избришат податоците од сервисите.
Законот ќе биде одобрен доколку се дојде до политички договор меѓу Парламентот и Европскиот совет на лето.
Некој бил многу уморен изгледа кога го пишувал текстот. Знам дека е мрч коментар, ама морав: дитрибуираат, Предлог-законто, крадењето на IP адреси (IP spoofing = лажирање, не крадење), инвовлирани,
напади на голема скала = (large scale? напади од големи размери), проивање, компниите, евро-парламентаркат, да си ги комплетно избришат (да си ги избришат комплетно), доколко и политики. Слободно избришете го коментаров откако ќе го поправите текстот.
Благодариме ДиеЛамер за коментарот. Поправено e. :)