Nokia влезе на пазарот со лаптопи

во Хардвер

{mosimage}Nokia наскоро на пазарот ќе го пласира својот прв лаптоп, таканаречен Booklet 3G. Опремен со Bluetooth, Wi-Fi, 3G компатибилност и простор за SIM картичка. Booklet 3G е она што се нарекува компјутерска копија на мобилен телефон со мали димензии од 10.1 инчи, Intel-ов Atom процесор, пре-инсталиран Windows 7, интегриран GPS и алуминиумска обвивка.

Сепак ова е само почеток за финскиот гигант, уште поинтересно ќе биде да се види како ќе ги следи трендовите на овој пазар кој постојано се менува.

"Голем број луѓе сакаат малечок уред со моќ на персонален компјутер кој ќе ги има сите бенефиции на мобилноста" – изјави Каи Оистамо, потпретседателот на Nokia задолжен за развој на уреди. "Ние сме во бизнисот да ги конектираме луѓето, а Nokia Booklet 3G е природна еволуција за нас."

Како изгледа "природната еволуција" за Nokia, видете во следново видео:



Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments