Дали Microhoo ќе се одобри?

во Веб

{mosimage}Дали е подобро за пазарот на онлајн рекламирањето против монополот на Google да застане еден појак конкурент или пак да му се спротистават две компании кои ќе носат разновидност на пазарот? Ова е прашањето со кое е соочено американските регулатори, пишува Associated Press, кои треба да ја одобрат или одбијат идната соработка меѓу Microsoft и Yahoo!.

За да се одобри соработката, Microsoft и Yahoo! мора да дадат соодветен одговор кој ќе ги осигура регулаторите од Министерството за правда на САД дека пазарот на онлајн рекламирањето и натаму ќе остане конкурентен, а нема да се направат два огромни гиганта кои ќе ја срушат останатата конкуренција. Договорот ќе се разгледува и од европските регулатори.

Одлуката на регулаторите е решавачка. Претходно кога Google сакаше да започне соработка со Yahoo!, регулаторите го одбија договорот велејќи дека Google е премногу моќен во тоа поле.

{mosimage}

Што се однесува на Microhoo соработката, Microsoft и Yahoo! ќе бидат парнери во идните 10 години, така што Microsoft ќе ја добие технологијата за интеренет пребарување на Yahoo!, а овие за возврат ќе го добијат голем процент, околу 88 отсто, од профитот од онлајн рекламите, како и ексклузивното право да ги продаваат тие реклами на своите партнери.

Оваа соработка може сериозно да го намали влијанието на Google, што е и позитивно за регулаторите. Од друга страна, Microsoft и Yahoo! ги поседуваат најголемите и најпопуларните имејл сервиси и месинџерите, па регулаторите ќе мора да се осигураат дека овој договор за интернет пребарување и онлајн рекламирање нема да отвори нова соработка меѓу двете компании и во другите полиња.



Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments