0 коментари 1 мин. читање 27 февруари, 2012

Nokia претстави телефон со камера од 41 мегапиксели

Moжеби Nokia 808 PureView не е прв избор на телефон бидејќи работи на Symbian Belle, но сигурно е уникатен и интересен за секој што се занимава со фотографија.

Уредот има неверојатни 41 мегапиксели(!) камера која е комбинација од Carl Zeiss оптика и технологија за „over-sampling” на пиксели на Nokia. Toa што треба да ги радува сите љубители на Nokia телефони, е што оваа технологија може да се појави и на сите идни телефони од финската компанија.

Што се однесува до останатите хардверски спецификации, 808 PureView работи на 1,3 GHz процесор, има 4-инчен екран од 360 x 640 пиксели, 512 MB Ram и 16 GB слободен простор.

Не е нешто посебно, но доколку ја саката феноменалната камера, уредот ќе ве чини околу 450 евра. Ќе се појави на пазарот на пролет.

[youtube]HDlAXUsRDew[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top