0 коментари 1 мин. читање

Дневно се активираат 850.000 Android уреди

Главниот инжинер за Android, Енди Рубин откри дека дневно се активираат неверојатни 850.000 Android уреди. Активациите се однесуваат на уникатите ID броеви на уредите, не и нивното ресетирање или препродавање.

Тој исто така додаде дека во светот вкупно постојат 300 милиони Android уреди. Од нив само 12 милиони се таблет компјутери, што говори многу за моменталната немоќ на Android да се пробие на овој пазар. Најверојатно со Ice Cream Sandwich, верзијата оптимизирана за паметни телефони и таблет компјутери, ќе видиме и повеќе таблет компјутери. Најпопуларниот Android таблет во моментов се Samsung Galaxy Tab.

„Овие 12 милиони таблет компјутери не се незначајни, но помалку отколку то би очекувал да биде ако навистина сакаш да победиш. Следната 2012-та ќе биде година кога ќе ја дуплираме бројката и ќе се обидиме да го освоиме пазарот.“, вели г. Рубин.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top