1 коментар 2 мин. читање 29 август, 2012

Реален vs. дигитален свет: На Иранците им е забрането да играат World of Warcraft поради санкции од САД

Blizzard Entertainment го затвори Azeroth за иранските играчи на барање на американските власти.  Забраната за пристап до онлајн светот е поради трговските санкции кои ги воведоа  САД и Европа поради нуклеарната програма на Иран.

„Тоа што можеме да ви го кажеме во моментов е дека Законот за економско ембарго и трговски санкции оневозможува Blizzard да нуди услуги на одредени држави во кои спаѓа и Иран. Неколку од вас го видоа и цитираа делот [се мисли на Условите за користење] кој се однесува на ембарго воведено од државата. Оваа недела Blizzard ги усогласи своите процедури во согласност со законот, и играчите кои се поврзуваат од овие држави нема да можат да се приклучат на игрите на Blizzard, но и на нашата услуга.“, вели Blizzard.

Американскиот закон не дозволува американски компании да нудат услуги на жители кои се под економски ембарго. Во соопштението кое го издаде Blizzard стои и дека од истите причини не се во можност да им ги рефундираат средствата на засегнатите играчи. Забраната доаѓа само три недели пред официјално да започне продажбата на четвртото продолжение на WoW, Мist of Pandaria. Иако најголем дел од играчите не се во можност да се конектираат дел од нив се снаоѓаат и преку прокси успеваат да се вратат во Azeroth.

Иако бројот на држави кои го поддржуваат ембаргото расте и мерките против Иран се построги, засега не вродуваат со плод. Причина за ембаргото е несогласувањето кое го има остатокот од светот со нуклеарната програма на Иран. Оваа држава тврди дека работат исклучиво на енергетска нуклеарна програма, но Америка и Европа се сомневаат дека тоа е параван за нуклеарно оружје.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
pero
pero
13 years ago

Niv ne gi e gajle mozat da si igraat modern warfare IRL

Мени
Заедница
Изглед
To top