Франција сака да воведе „технолошки данок“ за продуктите на Google и Apple

во Свет

Судбината на Google во Франција ќе биде во рацете на претседателот Франсоа Оланд кој до крајот на јули ќе одлучи дали Франција ќе воведе данок за технолошките гиганти, пренесува Reuters. Намената на вака оданочените пари ќе биде финансирање на проекти од културата. Всушност целиот проект е наменет за заштита на овие проекти кој по економската криза се погодени, а дел од нив и целосно запрени. Целта на овој закон е долгорочно да го реши проблемот со тоа што дополнително ќе ги оданочи технолошките гиганти. Во моментов најголeм акцент е ставен врз Google и Apple.

„Продажбата на продуктите на овие две компании: iPhone, iPad и Android-телефоните покажува дека французите трошат повеќе на хардвер отколку на содржина.“, вели аналитичарот Пјер Лескур.

Доколку се донесе, овој данок ќе биде само продолжение на данокот кој плаќаат гледачите и слушателите на телевизиските и радио каналите, но и интернет операторите. Досега компаниите како Google, Amazon или Apple не го плаќаа данокот, но во иднина ќе плаќаат за содржината која корисниците ја гледаат преку него.

„Компаниите кои го произведуваат хардверот мора барем симболично да допринесат за развој на содржините.“, вели министерот за финансии на Франција, г. Ауриел Филипети.

Со донесување на овој закон Франција ризикува да стане непожелна дестинација за технолошките гиганти и да биде напаѓана како држава која го забавува технолошкиот развој. Уше повеќе бидејќи ова нема да биде прв пат да има државен интервенционизам во оваа сфера, неодамна министерот Арно Монтербург ја стопираше аквизицијата nа Yahoo, кој сакаше да стане мнозински сопственик на Dailymotion.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
ДедоМраз
ДедоМраз
13 years ago

А да воведат технолошка субвенција, мамето нивно лоповско… -_-

види ги сите огласи на kariera.it.mk