Nokia го исмева Apple за како се држи мобилниот телефон

во Мобилни

Имено, се откри дека iPhone 4 го губи сигналот ако го држите со лева рака, односно ако со прстите ја покриете антената во левата рака. имаше дури и момент каде се велеше дека iPhone 4 не е за левораки, а интересно Стив Џобс во имејл на поплака од корисник кој бараше совет за проблемот со телефонот само кратко му одговори „Не го држи телефонот така.

Затоа Nokia го искористи моментот да го исмее конкурентот велејќи „Дали сте лево-раки или десно-раки, имате начини како да го држите важиот телефон.“ демонстрирајќи неколку пози на држење како „шоља“, „баланс“ или пак „зафат од четири краја.“

„Тоа што откривме од над милијарда Nokia уреди кои се користат денес е што кога се разговара на телефон, луѓето обично сакаат да го држат својот телефон како… па како телефон. Но можете и да ги игнорирате сите држања и да го држите телефонот како што сакате.“ вели Nokia.

Ауч.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Todor
Todor
15 years ago

Мислам не ми се верува дека може вакво нешто да се случи, уште пострашно е што никој не приметува дека телефонот по некое правило деснораките треба да го држат во лева рака за да можат со десната да пишуваат :)