Nexus One со слаба продажба

во Хардвер

{mosimage} И покрај „галамата“ околу Nexus One, првиот мобилен на Google, сепак бројките од продажбата покажуваат дека Google можеби го потцени мобилниот пазар. Google не дава официјални бројки од продажбата, но според Flurry, кои прават анализа според користењето апликации на iPhone и Аndroid платформите, во првата недела од објавувањето се продадени околу 20.000 Nexus One телефони.

Можеби бројката изгледа голема, но споредено со конкурентите, 20.000 продадени уреди не е ништо. Apple-овиот iPhone во првата недела продаде 1.6 милиони парчиња, Motorola продаде 250.000 Droid телефони, дури и myTouch 3G има продадено 3 пати повеќе, 60.000 парчиња.

Nexus One се најави како модерен телефон, „интернетот се спијува со телефон“ е мотото на Google, со најнапреден Android ОС. Затоа нормално е што јавноста очекуваа бум, но…

Лошата продажба во првата недела најверојатно се должи на тоа што немаше некоја помасовна маркетинг кампања, и поради одлуката на Google самостојно да го продава телефонот од веб сајт, а не да соработува со некој поголем мобилен провајдер. Всушност, соработува со T-Mobile но само со 3G пакетите. Но и тука не цветаат рози. Во првата недела Google се соочи со многу критики и поплаки за недостапноста на 3G мрежата на Nexus One.

Се очекува Nexus One наскоро да биде достапен и за европските корисници.

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk