Google работи на верзија на Android за виртуелна реалност

Google работи на верзија на Android за виртуелна реалност со која гигантот би бил со чекор со останатите ИТ компании кои работат на вакви сетови. Но, ако делува како последен да се вклучи во трката за виртуелна реалност, откако Sony, HTC, Steam и други веќе ги претставија своите уреди, сепак Google работи на својa платформа веќе подолго време. Секако Google одамна го претстави Cardboard, но тоа беше повеќе интересен хак со картонска кутија, а не вистинска конкурентна платформа за виртуелна реалност.

Компанијата започна со плановите за VR-оперативен систем по аквизицијата на Oculus Rift од Facebook, по што Google оформи тим на инженери кои работат на оперативен систем и апликации за вируелна реалност, јави Wall Street Journal. Големи се шансите и да објави API за девелоперите да прават нови апликации, или да ги приспособат своите Android апликации за виртуелна реалност. Како и верзијата за паметни телефони и Android за виртуелна реалност ќе биде бесплатно достапен за користење.

Клеј Бевор и Џереми Доиг се лидери на тимот за оперативниот систем. Г. Бевор е еден од креаторите на Google Cardboard, своевидна евтина верзија на Oculus Rift, која го претвора телефонот во сет за виртуелна реалност.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments