Нема твитање и користење на Facebook за волонтерите на Олимписките игри во Лондон

Организацискиот комитет на Oлимписките игри во Лондон 2012 одлучи да им го ограничи користењето на друштвените мрежи на сите 70.000 волонтери.

Волонтерите не смеат да фотографираат и да постираат на Twitter, Facebook и други друштвени мрежи за тоа што се случува на нивните работни места, локации или да споделуваат детали за атлетичарите и другите ВИП гости.

„Знаеме дека многу од нашите волонтери ќе сакаат да го споделат возбудливото искуство од Лондон 2012 со своите пријатели и фамилии. Како стандард во повеќето организации, обезбедивме практични водичи за интеракција на друштвените мрежи со цел да ги заштитиме интересите на вработените и на операцијата.“, велат од Комитетот за Reuters.

За разлика од волонтерите, Олимпискиот комитет ги охрабри спортистите да споделуваат информации на друштвените мрежи, но не треба таа содржина да ја искомерцијализираат. Спортистите не смеат да споделуваат информации од внатре на официјалните олимписки објкти.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments