Volvo ги најави своите електрични камиони за 2022

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Волво најави дека во 2022 ќе започне со продажба на големи електрични камиони. Компанијата најави дека камионите ќе можат да поминат растојание од околу 300 километри пред да треба да застанат за „полнење“.

Volvo веќе работи на електрични мешалки за бетон и камиони за подигање (hook lift truck), пренесе Engadget. Минатата година започнаа со продажба на помали камиони (до 27 тони). Овој пат се префрлаат на најголемите камиони тешки над 48 тони. Со тоа компанијата во 2022 ќе има комплетна линија на електрични камиони и градежни возила.

За целосно отстранување на фосилните горива компанијата ја најавува 2040. Оваа година пристигаат и камионите на хибриден погон, водородни ќелии и електрични батерии.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk