{mosimage}Google стана интернет гигант не само затоа што имаше најбрз пребарувач. Да беше само пребарувач без пари и бизнис модел ќе беше купен од поголемите, а во 1998 сите беа поголеми компании од него. Не, Google стана гигант бидејќи најде начин како да овозможи ефикасно рекламирање, односно спонзорирани линкови.
AdWords на Google е автоматски сервис кој одредува, според пребарувањето, која реклама ќе се најде меѓy 11 спонзорирани линкови на десно на веб страната на пребарувачот. Овој сервис му донесе на Google неверојатни 21 милијарди долари во 2008 година.
Но како Сергеј Брин и Лeри Пејџ, основачите на Google го направиле тој беспрекорен систем кој ги стави на врвот на светот? Еве неколку информации околу тоа.
- AdWords сервисот, всушност е составен од тогаш 21 годишни студенти, Салар Камангер, студент по биологија, кој е деветиот вработен од Google кој сега има околу 25.000 вработени, и Ерик Веч, студент по информатика. Двајцата, без претходно искуство за биснис, во 1998 година го составиле AdWords, машината за пари на Google.
- Овој податок е од текстот на Стивен Леви од Wired. Целиот текст кој пишува поошто за бизнисот на Google можете да го прочитате тука, а подолу ќе најдете само неколку интересни факти за како започнал бизнисот на Google.
- АdWords функционираат како аукција. Ако сакате да заземете едно од 11 места на десната страна на пребарувачот, вие и другите 10 ќе учествувате во виртуелна аукција. Ако за прво место, конкурентот нуди 25 центи од клик, а вие понудите 30, тогаш вие како победник ќе треба да платите 25.1 цент (25 центи од вториот + 1 пени). Звучи лудо, но ова ги охрабрило огласувачите да нудат повеќе.
- Бидејќи AdWords е аукционирање на реклами, за да ги осигура своите клиенти дека нема да бидат принудени да понудат многу повеќе од конкурентите, Google ветил дека ќе ги наплаќа само 1 пени (0.01 долар) повеќе од вториот на аукцијата.
- Но, не е толку едноставно да пласирате реклама на Google. Google го одредува квалитетот на рекламата која ќе се пласира, според клучните зборови, крајниот линк и според бројот на кликовите.
- Друг факт е интересната формула на Google за одредување на цените на рекламите, oдносно P = (B2 x Q2)/Q1 – P е цена на реклама, Q2 е квантитетот на погоре наредената реклама од конкурентите, Q1 е квалитетот на рекламата на тој што сака да купи реклама, B2 е цената на погоре наредената реклама.
{mosimage}
- Првата реклама, само дваесетина минути откако стартувал AdWords, ја купила продавница кој испорачува живи јастози.
- Google ги одредува клучните зборови и рекламите според временската прогноза. Специјалистот на Google за тоа е Квинг Ву кој вели „Google e барометарот на светот“. Г-дин. Ву ги следи температурите, времето, прогнозите и парите кои гигантот ги прави со неговиот тим преку неколку контролни табли.
Сево ова звучи неверојатно, но тоа е дел од историјата на AdWords сервисот на Google.
Ви препорачувам да го прочитате текстот на г-дин. Леви од Wired магазинот, бидејќи тој поопширно ја опишува и објаснува оваа историја.






