{mosimage}По 5 години Google го тргна тагот „beta” oд Gmail, Google Docs, Calendar и Talk. „Често не прашуваа зошто толку многу апликации на Google се во бета. Пример, Gmail беше во бета повеќе од 5 години. Знаеме дека оваа ситуација беше мистерија за многу луѓе, посебно тие што ја знаат традиционалната дефиниција на „бета“ софтвер како нешто се уште неспремно за јавноста“ пишува Метју Глотцбаш, продукт менаџер на Google.
„Свативме дека „beta“ тагот не е соодветно за големи компании кои не се навикнати да користат софтвер кој сеуште е во пробна фаза.“ пишува на блогот на Google напомнувајќи дека околу 1.7 милион компании ги користат нивните алатка за кои имаат техничка подршка 24 часа, 7 дена во неделата.
Иако звучеше чудно, пред се бидејќи Google е моќна компанија во која работат врвни професионалци,
Google ги чуваше „beta“ тагот покрај логоата на апликациите велејќи дека апликациите се постојано развиваат и надополнуваат т.е се во бета, тест фаза. Но, од друга страна, Google Chrome прелистувачот излезе од бета за само неколку месеци.
„Тагот ќе биде тргнат од логото на продуктите, но ќе продолжиме да ги подобруваме нашите апликации, без врска дали има мало „бета“ покрај логото“ пишува г-дин. Глотцбаш.
За сите фанови и „тие кои се загрижени за исмејување на бета верзиите“, Google ја вклучи „Back to Beta" опцијата за Gmail, па така апликацијата ќе изгледа како никогаш да не излегла од бета.
{mosimage}






