{mosimage} Интернет гигантот ќе објави оперативен софтвер наречен Chrome, исто како прелистувачот, кој ќе биде слободен софтвер и ќе биде сконцентриран на интернетот. „Оперативните системи се дизајнирани во ера кога немаше интернет. Затоа, денес, го најавуваме новиот проект што е природен додаток на Google Chrome – тоа е Google Chrome оперативниот систем“ од официјалниот блог на гигантот.
Од оваа изјава, и од фактот дека апликациите на Google се онлајн апликации, може да се види дека идниот оперативен систем е всушност базиран на cloud computing концептот.
„Луѓето сакаат да ја добијат својата електронска пошта веднаш, без трошење на време чекајќи компјутерот и прелистувачот да се стартуваат. Тие сакаат нивниот компјутер да работи брзо како првиот пат што го купиле… Уште поважно тие не сакаат да потрошат часови средувајќи го компјутерот да работи со секој нов хардверски дел, или да се грижат за секоја надоградба на софтвер“ вели Google најавувајќи ја ерата на cloud computing.
Тоа значи дека апликациите ќе бидат „инсталирани“ онлајн, а вие ќе имате пристап до нив преку интернет без претходна инсталација. Пример, Google Docs. Можете да снимате и да работите со документи без воопшто да инсталирате софтвер како Microsoft Word. Но не мора да бидете постојано онлајн. За да функционираат апликациите и офлајн, Google претходно го разви Gears проектот.
{mosimage}
Што се однесува до Microsoft, тие ќе добијат сериозна конкуренција во Google. Иако и до сега беа главните конкуренти, сепак се чини дека Google ја одредува насоката на битката. Ако Microsoft го објави Bing да конкурира во пребарувањето на Google, овие ќе објават оперативен систем кој е слободен софтвер, што ќе овозможи на корисниците, програмерите и развивачите (developers) на софтвер да ги модифицираат веб базираните апликации по желба. Сепак се уште не е објавено под која лиценца ќе биде Chrome оперативниот софтвер.
Најверојатно Chrome, оперативниот систем, ќе биде и бесплатен бидејќи што повеќе луѓе го користат интернетот и апликациите на Google толку повеќе пари за нив. Ова е најсериозниот дел за Microsoft кои наплаќаат околу 90 евра за својот Windows 7. (
Chrome ОС ќе се појави прво на ноутбук компјутерите (помала верзија на лаптоп) во 2010.






