Неколку примери за интернет во реално време

во Веб

{mosimage} Real-time web е иднината на интернетот и начинот на кој ги користиме сервисите и прибираме информациите. Перфектен пример за интернет во реално време е Twitter каде информациите се шират во моментот на случувања. Кога експлодираa бомбите во хотели во Индонезија првата информација, секунди по екплозиите беше објавена на Twitter. Секако информацијата не е рефинирана или средена, е со малку детали, но сепак е информација во реално време, информација во моментот на случувањато.

„Сепак интернет во реално време не е само Twitter и брзи пораки. Постои голем број компании кои развиваат и продаваат системи што можат да донесат реална вредност преку мрежата во реално време.“ пишува влијателниот блог за технологија, Read Write Web во текст кој е најава за нивниот Real-Time Web самит.

Во тој текст RWW наведува и
неколку интересни аспекти од интернетот во реално време. Дел од нив ќе видите подолу, а целата листа ќе ја најдете на сајтот на RWW. (за real-time web, односно интернетот во реално време
можете да прочитате на Wikipedia.)

  • Пребарување во реално време: Тwitter неодамна го вметне пребарувачот кој е сега централен на почетната страна. Тука е и Google кој вметна преглед на актуелни содржини во својот пребарувач. Кога ќе пребарувате актуелна термин, на крај на страната Google ви дава информации за колку е актуелeн и пребаруван терминот во моментот и кои се други актуелни термини.
    Тука е и Facebook кој го купи FriendFeed кои го имаат најдобриот механизам на собирање на пораките од 50 друштвени мрежи. Други примери за пребарувањето во реално-време: Evri, , Faroo, OneRiot.
  • Објавување во реално време: додека посетителите на Enjoysthin.gs ги читаат текстовите, другите корисници ги објавуваат содржините кои веднаш им се појавуваат на прелистувачот на останатите посетители на сајтот. Резултатoт е зголемено време кое поситителите го посетувале на Enjoysthin.gs.
  • ц

  • Откритија во реално-време: ова е интересен аспект кој е поврзан со пребарувањето. Ако пребарувањето ги дава актуелните теми, сервисите за откритија во реално време ви овозможува едноставно наместо да пребарувате низ линковите, вие само поставувате термин кој ве интересира и сервисот ви ги дава најновите и најактуелните теми. Нешто како напраден RSS фид. Така „први знаете што се случува“ вели LazyFeed. Друг пример YourVersion

  • Комуникација во реално време: Оlark
    е сервис кој овозможува комуникација со посетителите на сајтот. Olark вметнува текст боксче на веб страната, па посетителите може да комуницираат меѓу себе или да оставите порака на сајт, брзо и ефективно.
  • Блогирање во живо: како додаток на листата на RWW, а надополнување на комуникацијата во реално време може да се спомене и блогирањето во реално време.
    За тоа во презентацијата на Дарко Булдиоски.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments