All the single babies

во Веб

{mosimage} „All the single babies“ е видео од 1-годишниот Кори кој игра на песната „All the single ladies” на Beyonce. Видеото е објавено уште во јануари 2009, но тоа помина незабележano се до овој септември. Видеото за многу брзо време го гледаа 1.9 милиони луѓе. Посетеноста се должи и пoради заинтересираност на медиумите како CNN, Guardian, Mashable… кои пишуваа за овој интернет феномен.

Претходно пишував за виралниот ефект во маркетингот, за анти-рекламата на Microsoft, за фаќање лаптоп со задникот. Тогаш се работеше за вирален маркетинг со идеја и намера тие видеа да станат вирални. Во случајот на „All the single babies“ се работи за искористување на тој вирален ефект за маркетинг.

Видеото на малиот Кори
има своја веб-страна на која се издаваат реклами. Бидејќи се работи за бебе, сајтот е одличен за таргет групата на бебешката индустрија, па голем дел од рекламите се поврзани со бебиња. Покрај рекламите има и донирај за Кори опција како и продажба на мајци со слика од бебето каде игра.

Но овој феномен не застанува тука.

„Денеска имавме повик од јапонска новинска агенција дека сака да направи интервју со нас“ пишува таткото Честер на својот блог кој не е негов личен, туку се вика
„Кори – YouTube ѕвездата.“ наменет да информира за успехот на видеото т.е да го промовира.

Секој си има свои 15 минути слава, вели Анди Ворхол. А Кори тие минути ги користи одлично. Со интересно видео, снимено можеби случајно, а објавено на YouTube, малиот Кори заработува уште од една година возраст.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments