{mosimage} Howcast е сајт преку кој можете да најдете најразлични совети. Од отварања на шах, правење на ДВД со слики за свадба, вметнување на јајце во шише, до што да правите кога ќе ве нападне мечка. Целата содржина е генерирана од корисниците, така што можете и вие да придонесете со некој совет.
Но, сајтот не се впушта во објавување на какви било видеа. Напротив, на Howcast има високо квалитетни видеа и одличен видео плеер што овозможува да прескокнете некои чекори, да зумирате да видите подобро или да го успорите видеото. Kорисниците ги надополнуваат и едитираат Wiki текстовите. Доколку нешто сакате да научите, едноставно го предложувате и Howcast прави видео за тоа или го досредува видеото од корисниците.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови






