Skype за Android додаде мултитаскинг за време на видео повици

0 коментари 1 мин. читање

Со новата верзија на Skype for Android корисниците ќе им овозможи да разговараат со пријателите додека на телефонот си завршуваат и други работи. Мултитаскингот ќе ви овозможи да продолжите да видео разговорите, а апликацијата доаѓа со можност за слика-во-слика со отворање на малечко прозорче во кое може да се следи разговорот. Надградбата на апликацијата допринесува и разговорите да се отвораат побрзо, како и добивање на слики од Skype for iPhone и останатите клиенти. Се чини дека проблемот на кој се жалат најголем број од корисниците за ненавремените нотификации за сега останува без решение.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед