8 коментари 1 мин. читање

iPad сега е крал меѓу таблет компјутерите, но Аndroid полека го освојува мобилниот свет

На претставувањето на новиот iPhone, директорот на Apple, Тим Кук прилично арогантно ја отпиша конкуренцијата кога станува збор за таблет комјутерите. Во презентацијата тој прикажа графикон на кој и покрај поголемиот број на Android таблет комјутери годинава, уделот на iPad на пазарот на таблет комјутери пораснал.

Освен порастот од 6 отсто, г. Кук изнесе податок дека од времето поминато на интернет на таблет комјутерите над 90 отсто отпаѓа на iPad. Не знам што прават овие други таблет компјутери, мора да се во магацини, продавници или во долните фиоки, изјави зајадливо директорот на Apple.

Во моментов Apple владее на пазарот за таблет комјутери, но еве еден график кој Тим Кук не го покажа. Кај паметните телефони постои огромен пораст кај Android уредите. Порастот од 1.9% на iOS според Reghardware.com пред се се должи на доминацијата на Apple во САД. Но од август Кина го презема приматот за испорака и продажба на паметни телефони, а еве како изгледа распределбата таму.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

8 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top