Alchemist: The Potion Monger е RPG игра која ќе го разбуди алхемичарот во вас

Светата мисија на алхемичарите е магичен процес на трансформација, создавање или комбинација на едни елементи за да произлезат други. Како еден од најпривлечните процеси во алхемијата е започнување хемиски процес кој резултира со претворање метали во злато или пак изнаоѓање универзален еликсир со магични вредности.

Alchemist: The Potion Monger e игра која кокетира со ваквите системи, така што ви дозволува да истражувате огромен свет, да собирате најразлични состојки и потоа да ги искористите истите за правење пијалаци со најразлични ефекти. А, помеѓу сето тоа, ќе наидете и на бројни можности за пресметики со непријателско настроени суштества и забавни RPG механики.

Како дел од раниот пристап на Steam, на Alchemist: The Potion Monger активно ќе се работи во наредните шест до девет месеци се додека не се исполни ултимативната цел од нудење многу повеќе споредни квестови, нови пијалаци, како и дополнителни уникатни способности. Паралелно со ова, се планираат и нови NPC ликови, нови суштества и различни предмети кои ќе понудат интересни можности за интеракција.

Она што моментно е на понуда е стабилно и доволно за десетчасовна авантура низ која можете да ја искустите и главната кампања, како и неколку споредни квестови. Клучните механики за движење, интеракција и борба се имплементирани, а нема да наидете на никакви проблеми и доколку сакате да истражувате и собирате најразлични состојки за да правите бројни пијалаци. Откако ќе ги соберете потребните ресурси, ги процесирате, а потоа и мешате истите во казанот.

Преку едноставни мини игри, доаѓате до финалниот продукт и она што ви останува е да проверите какви магични способности се отклучуваат откако ќе го испиете. можете да добиете супербрзина, инстантно да создреат вашите култури или пак ефикасно да ги решите бројните непријатели (може и да летате).

Работата на пијалаците се прави на ваша територија, односно на ваше мало парче земја и мала куќичка која ја уредувате онака како што сакате. Можете да создавате, купувате и поставувате најразлични предмети за да дојдете до вашиот идеален изглед. Никако не би сакале да заборавиме и на вашите миленичиња кои би помагаат да дознаете повеќе работи за бројните состојки до кои доаѓате.

Како што сигурно забележавте до сега, графиката е шаренолика, а анимациите разиграни, при што преовладува оптимистичен тон и позитивни вибрации кои, потпомогнати од релаксирачката музика, ќе се потрудат да ве одведат на вашето среќно место и да ви помогнат да заборавите на секојдневието. Alchemist: The Potion Monger има и демо кое можете да го проверите на официјалната страна на Steam!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Art Games Studio S.A.
  • Издава: Art Games Studio S.A.
  • Жанр: авантура, симулација, RPG
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Ќе излезе во: октомври 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments