Неделно дружење со Status One, Builders of Egypt, или Seeker: Quest

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Нова недела пред нас и нови игри кои се борат за вашето внимание. Во случај да барате нешто ново, евтино, а интересно за играње, во оваа прилика избравме тактичка акција, економска стратетија и top-down шутер.

Status One

Зошто да ја играте?

  • Игра која ќе ве потсети на Door Kickers 2: Task Force North, Thunder Tier One, Ready Or Not
  • Предизвикувачки гејмплеј и инвентивни тактики
  • Водење тим и лично управување со единица

Status One е солиден тактички шутер каде создавате во антитерористичка група. Додека управувате со еден оператор на бојното поле, издавате најразлични наредби на останатите членови од групата. Вашата ултимативна задача е да ги тренирате вашите оперативци, да им купувате подобра опрема и да ја тестирате истата во предизвикувачки сценарија.

За управување и паралелно издавање команди, Status One се одликува со инвентивен, но едноставен систем. Она што не е едноставно е како да извлечете жива глава во бројните, непредвидливи ситуации. За да бидете ултимативниот победни, потребно е да внимавате каква опрема им давате на единиците, но и како ги водите низ бојното поле, односно какви тактики имплементирате за пробивање низ собите и соочување со непријателите.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: LastCall Studio
  • Издава: LastCall Studio
  • Жанр:тактичка акција, стратегија
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 10 јануари 2025

Builders of Egypt

Зошто да ја играте?

  • Фанови сте на играта Builders of Greece, или на култниот Caesar серијал
  • Интересен city builder која поразлично ја обработува економијата во Египет
  • Градење значајни споменици

Во Builders of Egypt имате за задаша да градите градови, да ја овозможувате, одржувате и зајакнувате економијата преку собирање ресурси, донесување стратешки одлуки и управување со импресивни армии. За да успеете во оваа цел, имате на располагање огромна кампања која се состои од скоро 40 мисии. Оние кои сакаат целосно да ја ослободат нивната креативност, го имаат на располагање и Sandbox режимот.

За време на краткото време кое го поминавме во Builders of Egypt прочитавме за најразлични историски факти. Во случај да сте фанови на историја поврзана со Египет, играва има многу да ви се допадне, особено толкувањето на настаните поврзани со одредени владетели. Но, не е само приказна, ресурси, правење патишта, градење структури и трговија. Во Builders of Egypt ќе можете и да градите силна армија како би можеле ем да ги штитите вашите граѓани ем да огранизирате воени експедиции.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Strategy Labs
  • ИздаваPlayWay S.A.
  • Жанр: стратегија
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на:  8 јануари 2025

Seeker: Quest

Зошто да ја играте?

  • Сакате предизвикувачки игри со невообичаени механики
  • Ви се допаѓаат механики поврзани со собирање чудовишта
  • Имате 200 денари за трошење

Seeker: Quest е тешка игра за објаснување. Имате за задача да изведувате од јајца таканаречени трагачи (seekers). Овие трагачи ги користите за борење во еден вид арена и гејмплеј механики кои се засновани на пуштање бранови од непријатели.

Имате на располагање најразлични трагачи, а секој од нив се одликува со уникатни способности. Играта не е едноставна и, некако, не се ни труди правилно да ве вовлече во светот и механиките. Но, доколку сте истрајни, би можеле да бидете импресионирани од шареноликиот свет, уникатните способности и бројните начини за експериментирање со единици.

Играта е во ран пристап и, сега за сега, нуди скромна гејмплеј сесија од час-два. Но, тимот веќе работи на повеќе трагачи, стази, и авантури.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Jestercraft
  • ИздаваJestercraft
  • Жанр: Акција, авантура
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 12 декември 2024

Тоа беа игрите кои ги одбравме за вас оваа попладне. За уште повеќе вести и прегледи поврзани со гејминг индустријата останете со it.mk!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk