Warden’s Will е roguelite наслов инспириран од Risk of Rain 2

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Зошто да ја играте?

  • Сакате брзи пукачки игри со roguelite механики
  • Фанови сте на Risk of Rain 2
  • Сакате соло или заедничка акција преку користење специјални можности

Во Warden’s Will фокусот дефинитивно не е на приказната. Со целосна посвета на динамична и експлозивна акција, Warden’s Will ќе ви дозволи да навлезете во хаотични битки, трудејќи се да уништите што е можно повеќе непријатели на импресивни начини. Таквото нешто го правите или со оружја или со специјални можности.

На располагање имате неколку уникатни ликови за играње, или wardens. Секој од овие ликови се одликува со различни начини на движење и со серија од способности, како брзо поставување мини, имплементирање ракетни напади, деструктивно пролетување преку непријатели, и слично. Во поглед на движењата, секој од ликовите може да (двојно) скока, избегнува напади или да се движи на начин кој е својствен само за одреден лик, како летање, далечно скокање, брзо трчање, и слично. Како што напоменавме, покрај користење оружја, можете и да користите способности кои е на тајмер. Еден лик специјализира во ракетни напади, друг во користење ласери, трет во брзо и ефикасно сечење, а четврт во топовски напади.  Што повеќе непријатели убивате, толку повеќе битс собирате. Со оваа валута можете да купувате таканаречени auguments со кои дополнително го надградувате вашиот ворден.

Секое оружје е уникатно и се одликува со два начини на пукање. Ниедно од оружјата не е врзано со ворденот, така да која било класа може да ги користи без проблем. Интересно е тоа што доколку пукате на примарниот начин, оружјето собира топлина која се користи за активирање на секундарниот напад. Некои auguments може да се користат и за менување на способностите на оружјата, како начинот и ефикасноста на генерирање топлина.

Во моментот кога сте задоволни со класата и оружјата ќе може да навлезете во огромниот свет. Како една клучна задача што ја имате е да најдете три предаватели. Штом најдете еден предавател, потребно е да започнете со поставување податоци. Овие податоци ги преземате преку уништување на непријателите. Во моментот кога ќе направите преноси преку сите три предаватели, ќе се појави процеп низ кој ќе можете да побегнете од светот. Ова никако не е лесно, непријателите се бројни, а нивните напади – смртоносни. Поради тоа, често ќе се наоѓате во хаотично трчање, скокање и избегнување напади, немајќи луксуз за релаксирачко и прецизно нишанење.

Светлата точка во Warden’s Will е онлајн режимот. Во ко-оп режимот, оваа игра навистина сјае и ви дозволува значително подобри можности за ефикасно соочување со заканите. За време на нашето тестирање, меѓутоа, не успеавме да оформиме целосна група, често трудејќи се сами да се спротиставиме со хаосот околу нас. Но, од неколкуте видео на YouTube, видовме дека забавата знае да биде многу поголема кога навлезете во тактичка координација со вашите истомисленици.

Warden’s Will е игра која се игра добро, изгледа одлично и звучи прекрасно. Но, некако сметаме дека авторите можеле дополнително да работат на проширување на играта, дали со нови способности и оружја, нови биоми, инвентини надградби од траен карактер, или пак поразлични босови. Играта навистина не е лоша, но делува кратка, со брутално зголемена тежина како би се вештачки зголемила должината и грајндот. Како игра за во ран пристап, ова би била одлична отскочна штица за насловот. Но, Warden’s Will не е во ран пристап. Поради тоа, не можеме, а да не чувствуваме дека развојното студио ELYZIO можело (и требало) многу повеќе да вложи во насловот.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: ELYZIO
  • ИздаваELYZIO
  • Жанр: акција
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 8 јануари 2025

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments