Недела на тужби

во Блог

Неделава едноставно ја нареков "недела на тужби"… За да појаснам зошто, ќе тргнеме од почеток: најпрвин, во понеделникот Asustek поднесе тужба до IBM за наводно нарушување на патентирани начини за производство на разни IBM продукти, потоа Tesla Motors, компанија лоцирана во Силиконската долина која се занимава со производство на електрични спортски автомобили, поднесе тужба против Хенрик Фискер – дизајнер на коли, за наводно крадење на дизајнот. Истиот ден Seagate Technology, најголемиот произведувач на хард дискови испрати тужба до федерален суд во САД во која ги обвини STEC Inc. за нарушување на нивните патенти…

Покрај сето ова во понеделникот популарна беше и веста за тужбата на Samsung во која компанијата се клевети дека има учествувано во корупциски скандал во Северна Кореа.

Но, чекајте тоа не е се… најновата вест за денеска е дека торент сајтот The Pirate Bay ќе испрати тужба до IFPI – позната анти-пиратериска организација која ги брани интересите на музичката индустрија во која ќе бара компензација за блокирањето од данските провајдери и обидите да се стави притисок на шведските интернет сервис провајдери да го блокираат сајтот, чин кој според европските закони е нелегален.

За да ве оставам во целосна збрка, ќе ви напоменам само дека Tesla Motors (истата компанија која ја спомнав горе) е тужена од страна на Magna Powertrain – произведувач на разни делови за автомобили, заради неправедна употреба на нивните производи.

Ако ништо друго од сите овие тужби, барем правниците ќе бидат задоволни… :-)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments