Не, App Store не е безбеден колку што мислиме

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Кога ќе се споменат небезбедни апликации и продавници за апликации, речиси постојано помислуваме на Android и на Google Play. Сепак, неколку извештаи последниве месеци покажуваат дека ниту iOS и App Store не се многу подобри.

Креаторот на FlickType Коста Елефтериу веќе неколку месеци разоткрива дел од пропустите на AppStore, и ако отидете на неговиот Twitter канал ќе забележите колкави се проблемите. Постојат апликации кои заработуваат по 40 000 долари неделно, или над 5 милиони долари годишно и се измами. Дополнителен голем проблем се лажни оценките и коментари.

Причината за ова и не е некоја софистицира измама. Едноставно кураторите на AppStore имаат премногу работа. Според процената на Дејвид Хенсон, податоците кои беа објавени во тужбата на Epic Games покажуваат дека секој куратор кој прегледува апликации треба да помине помеѓу 50 и 100 апликации во денот. Често за некои апликации поминуваат по неколку минути.

Што всушност се милионските измами

Проблематични апликации на AppStore може да се поделат во две групи. Еден дел од милионите апликации е креиран да биде копија на нови и популарни апликации. Друг дел се апликации со единствена намена да ги измамат корисниците за претплата. Секако често копиите на популарните апликации се креираат со намена да ги измамат кориснците.

Овие апликации најмногу ја злоупотребуваат довербата која корисниците ја имаат во коментарите и во рејтингот. За жал и коментарите и оценките за овие апликации во најголем дел се лажни и доаѓаат од сервиси кои ги нудат како услуга.

Дополнително лесно се забележува и поларизираноста помеѓу корисници кои даваат оценка од 1 ѕвезда и виртуелни корисници кои ги оценуваат апликациите со највисоки оценки.

Највисоките оценки во овој случај доаѓаат од повеќе различни сервиси кој нудат прегледи како услуга. Целиот принцип на издавање е едноставен. На лансирањето на апликацијата се објавуваат стотици лажни рејтинзи и коментари. Ова ќе обезбеди негативните коментари од вистинските корисници да останат „закопани“ во купот. Ако затреба во иднина може повторно да се додадат лажни рејтинзи.

Ова е лесно да се забележи следејќи ги трендовите бидејќи лажните коментари и оценки не ги следат. Бројот на нови оценки скоковито расте, иако ова не соодветствува со прилив на нови корисници.

Проблем за некои од апликациите е што значително го отежнуваат прекинувањето на претплата, или имаат бесплатен период по кој не ги известуваат за корисниците и повлекуваат средства од сметките.

Проблемите на малите девелопери

Покрај измамените корисници оваа пракса претставува сериозен проблем и за девелоперите. Најголем дел од помалите развивачи работат на своите апликации неколку години, и штом ќе ја издадат апликацијата, ако е успешна, речиси веднаш се рекреираат клонови, кои дури не мора да бидат функционални.

Во случајот на WatchChat for WhatsApp фалсификаторите воопшто не се потрудиле ниту да креираат скринштот од сопствените апликации. Наместо тоа ги земале сликите од AppStore од оригиналната апликација и ги поставиле на својата.

„Мојата апликација е најбрза и најдоверлива во својот сегмент – и покрај ова, два конкуренти се рангирани 1 ѕвезда повисоко и имаат повеќе преземања. Поради ова останувам без работа – како?“, се прашува Александер Новак, авторот на апликацијата.

Проблемите на г. Новак започнуваат со излегувањето на WatchApp – For WhatsApp, копија на неговата апликација. Не само што се копирани функционалноста и скриншотите, туку се ископирани и коментарите на корисниците.

Како и во случајот со останатите копии на апликации, и во овој случај најголема предност на „фалсификатот“ е тоа што може да си дозволи да купи куп прегледи и оценки. На пример во еден ден наеднаш има 109 нови рејтинзи. Сите „корисници“ во овој случај ја оцениле апликацијата со највисока оценка 5*. WatchApp – For WhatsApp има и пониски оценки од вистинските корисници, но тие се невидливи во купот лажни прегледи.

Ова купување на лажни прегледи и оценки се повторувало секојпат кога апликацијата ќе паднела под некоја оценка. Секако оценката на прегледите повторно била највисока, но интересни се и коментарите. Дел од нив воопшто немаат врска со услугата која ја нуди апликацијата туку се копија на коментари од другата апликација од развивачите на WatchApp – For WhatsApp, или коментарот е негативен, а апликацијата е оценета со 5 ѕвезди.

Apple на кратко ги отстрани копиите на апликацијата, но по некое време повторно ги врати на AppStore.

И на iOS се собираат податоци

Една од придобивките кои корисниците на iPhone сметаат дека ја имаат е поголема контрола врз податоците кои се споделуваат. Иако iOS и Apple не собираат податоци за своите корисници во онаа мерка во која тоа го прави Google, проблемот постои, и апликации кои собираат податоци се присутни и на AppStore.

Дел од апликациите се пријавуваат како да не прибираат податоци, но имаат куп SDK за рекламирање со кои се собираат податоци. Ова секако не е забрането, но корисниците мора да бидат известени што, како, и зошто се собира, и како потоа ќе биде употребено и обработено.

Постои ли решение

Дел од девелоперите се сомнева дека Apple нема мотивација да ги отстрани овие апликации. Компанијата заработува 30 отсто од секое плаќање или претплата.

Што се однесува до потенцијалните решенија, веројатно не постои реално решение за надминување на проблемот. Дел од креаторите на апликации сметаат дека е потребно да се креира конкурентна продавница за iOS апликации. Ова е барање кое го предлага и Epic Games, но делува неверојатно дека Apple ќе се одлучи да го прифати.

Компанијата секако треба да престане да коментира за својата непробојност и да прифати дека како и сите останати апликации ниту iOS апликациите не се безбедни во целост.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments