{mosimage}Navify е сервис чија бета верзија стартуваше неодамна, сервис кој опфаќа сé што ви е потребно и тоа Wikipedia текстови, соодветни слики да го поткрепат текстот од Wiki и додатни видеа од YouTube. Но има и уште еден детал – коментари и форум. Со ваква платформа тешко дека ќе ги посетувате Flickr, YouTube и Wikipedia кога ќе ви се потребни информации.
Ако веб 2.0 беше за видеата, фотографии и друштвени мрежи, како и содржина генерирана од корисниците, како Wikipedia тогаш веб 3.0 ќе биде вклопување на сите во една платформа.
Таква платформа објави и Google, но нивниот Wave е всушност комуникациска платформа, додека Navify е всушност енциклопедиjа.
„Ако луѓето низ светот можат да соработуваат и да изградат бесплатна колаборативна енциклопедиjа, зошто да не ја направиме покорисна за сите со илустрирање на истата“ рече Алан Рутлиџ, директорот на Navify.
{mosimage}
{mosimage}
{mosimage}
{mosimage}






