Надополнето: Google го претстави Wave

во Веб

{mosimage}Иновативноста на вработените во Google не престанува… најновото нешто доаѓа од браќата Ларс и Јенс Расмусен, луѓето кои ни ги донесоа Google Maps. Тие вчера на конференцијата Google I/O го презентираа Google Wave, платформа за онлајн соработка и комуникација. Wave овозможува поголем број на корисници да зборуваат преку ИМ во исто време додека работат, а може да споделуваат и фотографии, видеа, мапи и документи…

Вграден во прелистувачот, овој комуникациски клиент кој дава пристап до е-маил, ИМ, друштвени мрежи и проект менаџмент, има за цел да ги "обедини" овие популарните комуникациски канали и начинот на кој ги користиме. Налик на интерфејсот на на Gmail, Wave изгледа доста лесен за користење.

На официјалниот блог на Google, Ларс објаснува за тоа како дошла идејата за создавање на еден ваков сервис…

"Започнавме да размислуваме што е следното нешто што можеме да го направиме после мапите. Како и секогаш, Јенс имаше одговор: комуникација. Тој посочи дека двата од најспектакуларните успеси во дигиталната комуникација, е-маил и инстант пораки, оргинално се создадени во шеесетите години за да имитираат аналогни формати – е-маил имитира влекачка пошта, и ИМ имитира телефонски разговори. Од тогаш се измислени многу разни форми на комуникација – блогови, вики, заеднички документи, итн. – и компјутерите и мрежите драстично се подобрени. Така, Јенс предложи да работиме на нов комуникациски модел кој ги вклучуваше сите канали уште на почетокот."

{mosimage}

Интересно е тоа што Google Wave ќе биде објавен за јавноста во текот на наредните месеци, но пред да го направи тоа, Google ги повикува сите програмери и девелопери да развијат апликации за платформата. Овој потег може да биде доста иновативен и да им донесе на корисниците голем број корисни апликации, бизнис модел кој се покажа како доста успешен кај Facebook, Twitter и други друштвени мрежи.

Надополнето 01.06.2009:
Откако беше претставен, Google Wave е доста популарен кај поискусните интернет корисници, само на Twitter веќе неколку денови е меѓу најзборените теми. Но поголем дел од тоа што се зборува е шпекулација затоа што сервисот е сеуште во алфа фаза и неможе да биде тестиран од јавноста. За да ги расчисти тие шпекулации и сомнежи, ексклузивно, Mashable.com, благодарение на "пријателот на нивниот пријател" доби можност да го тестира Wave.

Во продолжение следат неколку слики од платформата, за повеќе детали и коментари прочитајте го текстот на Mashable:

{mosimage}

{mosimage}

{mosimage}

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments