Научници ги поврзаа мозоците на две глувчиња одалечени со стотици километри за да можат да комуницираат меѓу себе и заедно да извршуваат задачи за да добијат храна или вода. Експериметот го водат Duke University во Северна Каролина, САД, и Универзитет во Натал, Бразил. Глувчињата се поврзани со таканаречен „brain-to-brain” интерфејс кој им овозможува да споделуваат сензорски информации преку електрични контакти преку мозоците преку мала мрежа на електролиди од моторниот кортекс, делот од мозокот кој го контролира движењето.
„Овие експерименти покажаа дека креиравме софистицирано, директно комуникациско поврзување помеѓу мозоците. Ние во суштина креираме тоа што јас го велам органски компјутер.“, вели Мигуел Николелис, шеф на проектот.
Глувчињата извршуваат едноставни задачи, пример треба да помрднат рачка кога ќе светне сијаличка. Кога сијаличката ќе светне кај едното глувче тоа му испраќа сигнал на другото глувче да ја притисне рачката. Доколку ја извршат вежбата како што треба, глувчињата ќе добијат вода или храна.
Неверојатно, пишува Guardian, комуникацијата се движи во двата правца. Ако второто глувче не успее да ја изврши задачата, првото нема да добие храна, и се чини му влијае на однесувањето на второто глувче, односно го учи за да може полесно да ја изврши задачата.








