Бредли Менинг призна дека тој е изворот на Wikileaks, но го одби обвинението дека „му помагал на непријателот“

Американскиот војник Бредли Менинг се изјасни како виновен по 10 обвиненија за предавање доверливи документи на „нeавторизирани лица“. Тој призна дека е изворот на Wikileaks, но одби да прифати две обвиниенија дека „му помагал на непријателот“. Според десетте обвиненија тој се соочува со максимална казна од 20 години затвор. Но, доколку биде обвинет за предавство на државата, тој може да заврши доживотно во затвор. Обвинителите велат дека објавувањето на доверливите документи на интернет можат да ми помогнат на Ал-Каеда во војната.

Дваесет и пет годишниот Менинг, кој беше чуван во притвор скоро 1.000 дена, и, според него, понекогаш 23 часа во самица во затвор во Вирџинија, призна пред судот дека им помогнал на Wikileaks да ги објават видеото Collateral Murder за хеликоптерскиот напад на американската војска врз цивили, дел од дневниците за војните во Авганистан и Ирак, и стотици илјади доверливи дипломатски документи. Ова се најголемите пробивање на доверливи документи во американската историја.

Г. Менинг се изјасни дека немал причина да верува дека таквите информации би можеле да им помогнат на непријателите на САД ниту да и наштетат на земјата. Тој вели дека ги објавил документите бидејќи сакал да започне јавна дебата за војните. Но, обвинителите велат дека самиот акт на објавување на доверливи документи на интернет е исто како да им ги дал во раце на непријателите.

„Сакав американската јавност да знае дека не сите во Ирак и Авганистан се мета која треба да биде нападната и неутрализирана.“, вели г. Менинг.

Тој пред судот прочита лична изјава од 35 страни во која вели дека побарал помош од новинари од Washington Post и New York Times пред да ги контактира Wikileaks. Но, двата весници не го сфатиле сериозно, по што тој контактирал член на Wikileaks со алијас Ox за кој се сомневал дека е Џулијан Асанж, основачот на контроверзниот сајт кој сега е пребеган во амбасадата на Еквадор во Лондон во обид да избегне екстрадиција во Шведска каде ќе му се суди за силување.

Бредли Менинг е преместен во затвор со средно ниво на безбедност, и ќе му бидат одбиени 112 дена од казната која ќе му биде пресудена. Судењето е закажано за 3-ти јуни.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments