Универзитетот Кембриџ ќе ги анализира опасностите од будење на Skynet, јавува BBC. На љубителите на Терминатор им е познато дека Skynet е антагонистот од сенка, самосвесна вештачка интелигенциај (AI) чија глaвна цел е истребување на луѓето.
Центарот за анализа на егзистенционална опасност ќе ги проучува опасностите од биотехнологија, вештачка интелегенција, нанотехнологија, нуклеарна војна или климатските промени за иднината на човештвото. Сериозноста на овие ризици е тешко да се процени, а тоа само по себе е причина за загриженост, пред се со оглед на висината на влогот, пишуваат истражувачите на веб-страна основана за центарот. Основачи на проектот се Јан Талин и Хув Прајс двајцата соработници кој веруваат дека во блиска иднина дел од опасностите кои моментално се зад границата на фантастика,ќе се префрлат во реалноста.
„Треба сериозно да се земе можноста дека со AGI може да има момент на Пандорината кутија, кој ако го пропуштиме, може да биде катастрофа.“, вели г. Прајс. Тој додава дека опасноста не доаѓа од отворен конфликт со машините, напротив. Видете го примерот со горилите, причината поради која изумираат не е поради непријателството со луѓето, туку затоа што ние ја контролираме околината како што нас ни одговара, што е штетно за нивниот опстанок.
Центарот за анализа на егзистенционална опасност, ќе почне со работа следната година.
[youtube]DEtrzdGSXCU[/youtube]
we are all doomed!