Google ќе претстави брендиран Chromebook ноутбук во 2013 година

во Хардвер

Google во 2013 ќе издаде брендиран Chrome OS нетбук, пишува China Times повикувајќи се на извор од компанијата Compal од Тајван. Изворот јавува дека трансформацијата на Google и Microsoft од софтвер во хардвер гиганти може да ги маргинализира досегашните партнери на двете компании  Asus, Acer, Lenovо и останатите производители на хардвер.

Најавите се дека новиот Google-брендиран Chromebook ќе биде со 13-инчен екран на допир, а за намалување на дебелината и тежината на уредот, сензорот за допир ќе биде интегриран во заштитното стакло. Најавите се дека нетбукот ќе излезе во почетокот на следната година.

Издавањето на овој лаптоп може да биде добра конкуренција за новиот таблет на Microsoft, Surface. Пред се затоа што ќе биде „stand-alone“ уред, но Chromebook ќе може да ја искористи популарноста на Nexus и превисоката цена на Microsoft Surface таблет комјутерите.

Со доминацијата на Android на пазарот на „паметни телефони“ и квалитетот на Nexus 7, се поставува прашањето дали со излегување на Chromebook е можна целосна доминација на Google на пазарите. Иако тешко е веројатно дека е можна маргинализација на Microsoft или Apple. Сепак можноста зa исчезнување останува отворена, пред се за некои од помалите и средни компании, кои се производителите на хардвер.

Acer не е премногу загрижен од можното влегување на Google на харвер пазарот. Тие ги предупредуваат Google, но и Microsoft дека ги потценуваат потешкотиите при изработката на хардвер, поради ова претседателот на Acer Global, Венг Џианарен, верува дека „предностите на Acer не се изгубени“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments