Нови Azure App Service алатки за девелопери на мобилни и веб апликации

во Софтвер

Microsoft издаде нова верзија на Azure App Service и алатки за девелоперите на мобилни апликации и на веб апликации. Алатката овозможува креирање на автоматизирани процес за компаниите преку Azure сервисот.

Сервисите не се потполно нови, туку се изградени врз основа на Azure Websites, Mobile Services и Biztalk Services. Дел од сервисите како Azure Mobile Services ќе бидат додадени на сервисот побавно, бидејќи дел од API ќе мора да се прилагодат пред да бидат префрлени, а ова пред се зафиси од брзината на девелоперите кои имаат апликации кои ги користат претходниот сервис, јави TechCrunch.

Една од најавените нови услуги Logic Apps ќе овозможува автоматизација на бизнис процеси преку различни API-App поврзување. Ова ќе овозожи интеграција на податоците од апликации како Office 365, Twitter, Dropbox, Facebook на Azure PaaS сервисите. Алатките се наменети за развивачите кои сакаат да креираат аликации за компании, но и за оние кои креираат специјализирани апликации за поширок број корисници, вели Омар Кан од Azure Application Platform.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk