Спонзорирано

Научете како да направите видеоигрa на „Game Design How To?“

Спонзорирано од M3DS

во Спонзорирани

Одлични вести за сите кои сакаат да се здобијат со нови вештини. M3DS по седми пат го организираат „Game Design How To?“, оваа година нивен партнер се Epic Games. Партнерството со Epic значи дека во развојниот дел ќе се користи Unreal Engine, секако една од најмоќните алатки за развој на видеоигри. Дополнително настанот оваа година има интернационален карактер и најголем дел од учесниците се пријавени од странство.

Едукативниот настан започнува со 6 часовна програма за развој на видеоигра со помош на Unreal Engine 5. За следење не се потребни никакви претходни предзнаења што секако е добредојдено за најголем дел од учесниците. Кога ќе заврши овој дел од програмата, учесниците ќе добијат Fellowship беџ од Epic Games и GDHT сертификат.

За еден дел од луѓето кои се пријавиле, настанот ќе заврши по овие шест часа. Сепак за сите кои се посериозни за развој на видеоигри, тоа е само првиот чекор. По завршување на воведните предавања, сите учесници можат да креираат сопствена видеоигра. Станува збор за едноставна – концепт видеоигра без никаков ограничување во темата. Играта треба да биде готова и пријавена најдоцна до 1 ноември.

Вториот дел од настанот е и своевиден натпревар во кои учесниците ќе се натпреваруваат во изработка на најдобра видеоигра. Оваа игра ќе биде своевидна пријава за Unreal Engine тренинг програмата.

Откако видеоигрите се прегледани и оценети ќе бидат објавени и најдобрите. Победниците ќе бидат објавени на M3CONFERENCE – UNREAL ENGINE FEST кој се одржува на 5-ти и 6-ти ноември. Најдобрите 500 учесници ќе бидат одбрани за специјализираниот Unreal Engine тренинг.

Комуникацијата за време на настанот ќе се одвива преку „Discord каналот Game Design How To?“.

Според последните информации споделени на Discord, за настанот досега се пријавиле 1300 учесници од кои 150 се натпреварувачи кои сакаат да креираат сопствена видеоигра.

Сите кои се заинтересирани да се пријават и само да го следат едукативниот дел или да креираат сопствена игра треба да побрзаат. Иако организаторот најави дека рокот за пријавување ќе биде продолжен, официјално сѐ уште денес е последен ден за најава за присуство на настанот. За пријавување во натпреварувачкиот дел единствено треба да се заврши програмата.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на M3DS. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]
види ги сите огласи на kariera.it.mk