0 коментари 2 мин. читање 25 октомври, 2022

Отпишете се од непотребните и-мејл пораки со unroll.me

Во денешно време, постојано сме бомбардирани од најразлични и-мејл пораки. За поголемиот дел од нив воошто не сме заинтересирани – еднаш сме ја оставиле нашата адреса и сега сме на нивната листа за секојдневно добивање непотребни мејлови. Звучи фрустирачки да, но решението е повеќе од едноставно. Влегувате во мејлот, кликнувате на опцијата за отпишување и повеќе нема да добивате мејлови од тој испраќач. Но, што доколку имате десетици или можеби стотици непотребни испраќачи? Во таа ситуација, здодевно е идивидуалното кликнување на секој мејл и рачното отпишување.

Unroll me е веб, iOS, и Android услуга која ви сервира уредна листа од сите испраќачи. Преку таа листа, можете да лесно да видите кој е испраќачот, да се отпишете од сите идни мејлови (unsubscribe), или да ги ставите во еден заеднички мејл со сите други слични мејлови, како не би ги константно гледале во вашето дојдовно сандаче (rollup). Со избирање на опцијата Keep продолжувате со понатамошно добивање мејлови од тој испраќач.

Некои корисници се имаат пожалено дека unroll.me не врши целосно отпишување од сите избрани испраќачи, но нашето искуство беше позитивно, особено кога се земе во предвид дека пред целосно отпишување може да се случи да се добијат уште неколку мејлови од испраќачот. Какво е вашето искуство со unroll.me?

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top