Денеска, шансите се многумина да не се сеќаваат на Game For Windows Live, сервисот на Microsoft кој беше замислен да олесни многу работи, но всушност предизвика само серии од главоболки и ноќни мори. Како една од најголемите жртви беше критички признаената Fallout 3 – игра која цела деценија лебди во чистилиште и спречува бројни гејмери целосно да уживаат во чедото на Bethesda.
Не повеќе! Од денеска, најновото надополнување целосно го отстранува Game For Windows Live и во играта може целосно да се ужива без да се оди низ проблематичниот сервис. Искрено жалиме што мораше да се чека повеќе од една деценија за вакво нешто, но подобро некогаш отколку никогаш. Сите сопственици на Steam потребно е одново да ја преземат играта за да биде отстранет дигиталниот чир. Напоменуваме, доколку, од некоја причина, веќе сте ја имале инсталирано Fallout 3 не е доволно само да извршите надополнување на играта. Потребно е целата да ја избришете и одново да ја инсталирате.
Голем број гејмери побрзаа да се пошегуваат на сметка на целава ова ситуација, алудирајќи првенствено на фактот дека Bethesda морала да биде купена од Microsoft за да се репарира целата ситуација по цели 13 години.