0 коментари 1 мин. читање 15 март, 2017

ИТ Настан: Запознајте ја македонската drupal-заедница

Македонската drupal-заедница организира работилница на која сите заинтeресирани можат да се запознаат со Drupal. Станува збор за полуформален настан, па освен запознавање со технологијата може да се дружите и со другите членови на зедницата. Со ова македонската заедница се приклучува на Global Training деновите.

Работилницата е наменета за сите, без разлика на искуството и познавањето. Најважно е да имаат интерес за запознавање и имплементирање на Drupal. Претходно искуство со платформата не е неопходно.

Настанот се одржува во петок во просторите на Универзитет Американ Колеџ. Почнува во 17:00 и ќе трае до 20:00. Учеството е бесплатно, но сите заинтересирани треба да се регистрираат на Drupal.mk. Повеќе податоци за настанот на facebook-страницата.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top