Германија најави високи казни за говорот на омраза на друштвените мрежи

Facebook и Twitter ќе мора да бидат повнимателни со говорот на омраза. Во спротивно компаниите во Германија би можеле да платат казни во висина од 50 милиони евра.

Одлуката доаѓа откако властите во Германија заклучија дека друштвените мрежи не прават ништо за да се справат со говорот на омраза. Новиот предлог сега побарува 24-часовна поддршка и бришење на говорот на омраза за најмногу 7 дена. Содржината која без сомневање е криминална, ќе мора да се избрише за 1 ден.

„Twitter брише единствено 1% од говорот на омраза во определениот период, а Facebook 39%. Ова не е доволно.“, вели Хеико Мас, од германското министерство за правда.

Двете друштвени мрежи на подолг рок го избришале говорот на омраза, но не во периодот во кој тоа го бараат властите.

„Правиме многу повеќе од сите други компании за да го надминеме проблемот со говорот на омраза на нашата платформа.“, вели Ричард Ален од Facebook за New York Times.

Новото правило ќе подразбира, тим со доволен капацитет да одговори на овие предизвици. Со оглед на тоа дека друштвените мрежи се глобални, потребна е и 24-часовна поддршка. Тимот мора да го пријави прекршителот, кој потоа може да биде казнет и до 5 милиони евра.

Целта на новиот закон е 70% од говорот на омраза во Германија да биде отстранет 24 часа по известувањето.

Властите во Германија, најавија дека законот во иднина би можел да ги вклучува и лажните вести. Ова најмногу ќе важи за навредливите вести, клеветата и лажните злонамерни вести.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk