0 коментари 2 мин. читање 26 септември, 2016

ИТ настан: Skopje TechMeetup 6

Иницијативата чија цел е јакнење на ИТ заедницата во Македонија. TechMeetup, организира нова средба оваа недела.

Вообичаено, говорниците и темите се интересни, а ниту оваа средба нема да биде исклучок. Пред „гостите“ ќе се обратат:

  • Ермал Садику, директор на Linkplus IT;
  • Лазо Апостолски, Senior Java Developer;
  • Игор Трајковски, основач и директор на Time.mk.

Темите кои ќе бидат презентирани се актуелни и супер интересни. Г. Садику ќе зборува за новите технологии и начинот на кој тие влијаат на општеството; за можностите кои ги носи технологијата; како да ги разбереме за да создадеме технологија која ќе го промени светот на подобро.

Основачот на Time.mk, г.Трајковски ќе говори за вештачката интелигенција и Deep Learning, за препознавањето на слики и како оваа технологија значително напредна последниве години.

Последниот говорник има тема која ќе им биде поинтересна на развивачите, архитектура на микросервиси; придобивки; добра практитка и на што треба да се обрне внимане.

Вообичаено по говорите има простор за разговор и запознавање на посетителите.

Настанот ќе се одржи во Piazza Liberta (карши Јосип Броз гимнацијата) на 29 септември. Заинтересираните веќе можат да го резервират својот бесплатен билет на веб-страницата на SkopjeTechMeetup #6.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top