Роботот Pepper научи и да си игра

во Свет, Хардвер

Роботот Pepper кој може да ги прочита емоциите на луѓето, сега научи и да си игра. Станува збор за едноставна игра со топче во која роботот треба топчето кое е врзано да го заврти и да ја погоди чашата.

На почеток изгледаше дека Pepper залудно се обидува, но по стотина обиди ситуациајта се промени и Pepper не можеше да ја утне чашата. Причина за ова е вештачката интелигенција која со секој обид се здобиваше со нови податоци. Погодувањето на вистинската траекторија не е баш едноставно и на неа влијаат повеќе параметри. Сепак, откако научи што треба да се прави, Pepper не промаши.

Можеби користењето на вештачка интелигенција не е премногу импресивно, но ваквите тестови ќе отворат интересни можности. Роботите ќе можат самите да научат како да ги извршуваат задачите подобро, без код кој ќе мора да биде напишан, вели The Next Web.

Pepper го произведува француската компанија Aldebaran Robotics и јапонскиот гигант SoftBank. На почетокот на продажбата сите роботи се распродадоа за неколку минути. Компанијата има куп нарачки од заинтересирани компании, од болници до компании како Nestle. Можноста да разговара со луѓето и да ги разбира нивните емоции, го прави Pepper интересен за повеќе области. Од можноста софтверот да биде вметнат во кафемат за да препорачува пијалаци, до работа во болница.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk