2 коментари 2 мин. читање

Четиринаесет годишниот Ахмед Мохамед уапсен за изработка на часовник

Четиринаесет годишниот Ахмед Мохамед сакаше да ги импресионира своите наставници и соученици со својот електричен часовник, наместо тоа полицијата во Тексас го уапси. Ова всушност го направи младиот Мохамед новиот херој на Силициумската Долина, вели Wired.

„Најверојатно веќе сите знаат дека јас сум креаторот на часовникот подари кој доживеав многу невољи, Го направив часовникот за да ја импресионирам мојата наставничка, но кога и го покажав, таа мислеше дека е закана…“

Ахмед сака да биде инженер и неговата љубов кон техниката е несомнена, си прави радио, Bluetooth звучници и куп други апарати. Неговата последна креација часовникот, за жал беше погрешно препознаен како бомба! Поради ова недоразбирање полицијата го уапси четиринаесет годишникот, а неговотот училиште го суспендираше на три дена. Како последица на немилиот настан Ахмед започна да си бара ново училиште, а критериумот му е едноставен, било кое освен ова.

Но за среча целата приказна не заврши тука, кога интернет дозна за настанот, реакцијата беше очекувана, подршката започна да доаѓа од секаде. Креаторот на марс ровер, Скот Максел го покани на разгледување на кампусот на Google; Треи Брундед од Verge и Vox Media ја искажа својата подршка; Google, Twitter, Foursquare, Autodesk се замо дел од компаниите кои ја искажаа поддршката, а приказната стигна и до Барак Обама кој го покани заедно со часовникот во Белата Куќа.

 

 

 

 

 

 

 

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top