ИТ Настан: Приклучете се на хакатонот во Битола

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, ИТ.МК

Биталон е првиот хакатон во Македонија на кој учесниците ќе се обидат да раскажат приказна.

Приказните кои ќе бидат раскажани на крајот се за една од најстарите еврејски заедници на Балканот. Учесниците ќе ја раскажат приказната преку Еврејските гробишта во Битола. На хакатонот ќе биде изработена дигитална платформа за посетителите на Паркот на живите во Битола.

Извор: https://www.bitola-hackathon.com/

Биталон е поддржан од Министерството за информатичко општество на Македонија и Министерството за надворешни работи на Израел.

Настанот е отворен за сите програмери, вљубеници во историјата и наследството. За учество ќе бидат креирани тимови од пет учесници кои заеднички ќе го развиваат производот. На располагање учесниците ќе имаат ретки документи, видеа и слични ресурси од еврејската заедница во Битола.

Настанот ќе се одржи во Центарот за култура во Битола, од сабота 10 март, до недела 11 март. Финалето е на 12 март во Скопје, иако се чини дека секако посоодветно е целиот настан да почне и заврши во Битола.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] месец ќе се одржи Биталон, хакатон во кој учесниците ќе се обидат да раскажат […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk